Маричиќ: Шансата за нас е во вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ го постигна својот максимум

од Берта Китинска
703 прегледи

Ние имаме водство во повеќе општини, во 25 општини во вториот круг и имаме веќе девет освоени градоначалници. Но, веруваме дека од работата на терен овие денови и расположението се менува и дека пораката е прифатена од граѓаните, вели секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во гостувањето на дебата на Алсат.

Тој кажа дека во секојдневните активности на терен со граѓаните се разговара за нивните грешки, но и за она што може да се понуди и да се реализира во наредниот период.

-Мислам дека комуникацијата и со нашето членство и со граѓаните повторно е воспоставена и можам да кажам дека одејќи секојдневно на терен ситуацијата е значително подобрена. Ние очекуваме победа во сите оние општини каде што имаме водство, а очекуваме и пресврт во најголем дел таму каде што немаме водство. ВМРО-ДПМНЕ го постигна својот максимум, повеќе од тоа не може. Шансата е за нас во вториот круг, да победиме и да имаме исбалансирана слика на крајот од изборите,рече Маричиќ.

Слични содржини