Мицкоски: Нов патриотизам е членството во ЕУ и стандард како во Австрија и Германија

од Nikola Popovski
236 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Охрид се обрати по повод празникот 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба. Тој констатира дека новиот патриотизам не се само зборови, туку концепт за разбирање на работите.

-Оваа држава е на сите луѓе, а сите ние имаме премали разлики споредено со работите кои не обединуваат. Новиот патриотизам во кој верувам подразбира здравство кое ќе е достапно за секој еден човек – посочи Мицкоски.

Тој потенцира дека новиот заеднички патриотизам е членството во ЕУ, Париз, Брисел, Рим, Берлин на дофат на нашите деца, но и стандард тука како во Австрија, како во Германија.

-Поентата е колку заеднички проблеми ќе решиме, а не колку нови ќе создадеме. Новиот патриотизам е да и служиме на нашата држава, политичарите да се слуги на народот и да не заборавиме од каде почнавме, и дека народот е главен во оваа земја. Новиот патриотизам во кој цврсто верувам е нашата Македонија, со силен ‘рбет и челична волја за победи и успеси, рече лидерот на најголемата опозициска партија.