Трајанов: Во Франција, Германија или Грција ако се изгубат локални избори не паѓаат влади

од desk4
5,4K прегледи

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, во интервју за „Локално“ вели дека вториот круг од локалните избори ќе биде поразличен од првиот бидејќи излезноста на гласачите ќе биде помала и концентрирана. Како политичар со долгогодишно искуство смета дека победникот ќе го одредат граѓаните што во првиот круг не гласаа или гласачките ливчиња ги правеа неважечки или, пак, гласаа за незавсини листи и кандидати за градоначаници.

Потсетува дека на локални избори се бираат совети на општините и градоначалници, а не Влада. Прашува дали е пракса во Франција, Германија, Англија, Грција па и во соседните држави, ако се изгубат локалните избори да падне влада или претседател.

За последните случувања околу македонско – бугарската историска Комисија вели дека е неразумно таа да заседава помеѓу два изборни круга а при тоа да не се очекува работата да се искористи за политичка дискредитација на власта.

Според него Комисијата може да ја продолжи својата работа и во наредните 50 години но, дека евроинтеграциските процеси на Македонија треба да продолжат.

Се чини дека политичките машинерии се пуштени на најако во кампањата за вториот круг на локалните избори. Се чини дека некои партии играат дури со превисок влог – „европската иднина на Македонија“. Што мислите за оставката на член на македонскито дел од македонско – бугарската историска Комисија Ванчо Ѓорѓиев, за која рече дека е поради политички притисок?

-Македонија во изминатите триесет години спроведе тешки реформи и направи болни отстапки, преку промена на знамето, Уставот, вклучителни и името на државата. За влез во НАТО и ЕУ, постоеше политички и граѓански консензус, но накои партии јавно го соопштуваа својот став дека се против НАТО, што се за респект, но некои подземно роварат против, а декларативно се изјаснуваат „за“ НАТО. За члелнство во  ЕУ сите политички партии и понатаму  се ЗА но, Унија ги затвори вратите за државите од Западен Балкан а со тоа и на Македонија. Поради тоа  евроскептицизмот се зголеми, но се намали подршката за Владата. Поради приемот во НАТО или пак, странските инвестиции, граѓаните сеуште не почувствувале подобар животен стандард.

Наш стратешки и национален интерес е членството во ЕУ, но тоа никако не можеме да го поврземе со работата на Комисијата за историски и образовни прашања. Оставката на член од македонскиот дел на Комисијата е само класичен пример дека не е имуна на политичко влијание.

Инаку во време на војна и избори прво што умира е вистината, Сите ние сме изложени на страшни и бескрупулозни манипулации и лажни вести.

Комисијата, Владата, МНР, СДСМ го демантираа Ѓорѓиев дека имало политички притисоци. Дел од нив сметаат дека со тајмингот за пласирање на невистините, професорот си дозволил да го искомпромитира сопствениот научен интегритет, бидејќи само пред една недела потпишал договор за продолжување на ангажманот како член на Комисијата. Зошто „историјата“ стана алатка за политички цели, не само дома, туку и надвор?

-Верувам дека постојат обиди за влијание во работата на Комисијата и од двете страни. Тие комисии ги избираат владите на Македонија и Бугарија и сосема е разбирливо ставовите на лидерите на партиите, министрите, како и на други влијателни личности и медиумите, да се одразуваат во работата на истите. Верувам дека најсилно оружје на Комисијата од македонскиот дел се историските факти.

Само за потсетување, бугарскиот Парламент донесе Декларација која е рамка за дејствување на бугарскиот дел од Комисијата. Инаку не сум приврзаник на било какви компромиси на штета на нашиот национален идентитет, откажуање од македонското малцинство во Бугарија и сл.

Неразумно е оваа Комисија да заседава помеѓу два изборни круга а при тоа да не се очекува нивната работа да се искористи за политичка дискредитација на власта, која во разговорите со Бугарија, во одредени моменти презентираше неприфатливи ставови. Опозицијата оваа оставка ја употреби за политички да поентира. Демантите се само собирање на разлетани пердуви.

Колку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски реално, како што самиот рече е „шокиран“, од оставката на историчарот, бидејќи истовремено и потпретседателот на бугарската страна Ангел Димитров изјави дека „постои политички притисок врз неговите колеги од македонскиот дел од Комисијата“?

– Веќе посочив дека оставката е употребена за напад на Владата и на СДСМ. Оставката е координиран и темпиран чин, но не треба да и се дава толкаво значење. Колку повеќе се зборува за истата, штетата е поголема. И овој чекор може да го следат и други опозиционери или тие што сакаат да фатат чекор со опозицијата и во други тела со паритетен состав од позиција и опозиција.

Некако на македонскта јавност како да и се наметнува мислењето дека од резултатите на историската Комисија зависи европската иднина на Македонија. Се „минира“ ли и овојпат евроинтегративниот процес на нашата земја?

-Европската иднина на Македонија не може да биде условувана со работата на Комисијата. Тоа се апсурдни, опасни и неприфатливи тези. Оваа Комисија ќе работи долги години и не очекувам резултати, се додека Бугарија инсистира на заедничка (бугарска) историја, го негира македонскиот народ и автентичноста на македонскиот јазик. Бугарија не може да не држи во заложништво наспроти сите други членки на ЕУ кои не поддржуваа за започнување на пристапните преговори, се разбира доколку е само тоа.

Никој не може да ги менува историските факти, да ја редефинира историјата и кај младите генерации да не ја развива националната свест за припадност на македонскиот народ. Ако било кој мисли дека преку менување на наставните содржини, укинување на историјата како посебен предмет, дека ќе го стори тоа, тогаш во мене има политички противник. Оваа Комисија може да продолжи да работи и во наредните 50 години, но евроинтеграциските процеси треба да продолжат.

Македонија е подготвена за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ. Бугарија треба да го тргне ветото и да започне процес на градење добри односи во сите области помеѓу двете држави и народи. Во интерес и на двете страни е да се движиме напред. Застојот во односите е голема опасност за стабилноста на Балканот.
Македонија во целина, граѓаните и сите влади, спроведоа реформи со кои се исполнети критериумите за почеток на преговорите и имплементација на европските вредности со забрзано темпо. Барањата на Бугарија се ирационални и карактеристика на 19 а не на 21 век.

Продолжуваат партиските активности од кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела на 31 октомври. Демократскиот сојуз на локалните избори настапува во коалиција со СДСМ, наспроти одлуките на ДОМ и на ЛДП за самостоен настап. Сега, од оваа дистанца кога владејачката коалиција не го постигна посакуваниот резултат, дали би постапиле поинаку?

-Демократскиот сојуз е автентична политичка партија со препознатливи ставови за сите круцијални прашања вклучитено и заштитата на националните интереси. Ние сме за робусна борба против криминалот и урбаната мафија. ДС прв предложи минимална плата од 300 евра и минимална пензија од 200 евра, намалување на казните за прекршоци за 50%, вработување на секој што ќе заврши високо образование една година на сметка на државниот буџет итн. ДС беше подготвен за самостоен настап, или заедно со некои од помалите партии. Но, анализите покажаа дека системската предност на четирите поголеми партии, финансирањето и јавната промоција преку медиумите, огромната „гужва“ што се направи со самостојни настапи на многу партии и независни листи и кандидати, како и коалицирањето на централно ниво со СДСМ беа клучни да ја продолжиме соработката со досегашните коалициони партнери.

Во Собранието само јас гласав против измените на Изборниот законик во сред изборен процес, измени со кои се зацементира монополската положба на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијансата на Албанците.
На овие избори повторно малите партии се маргинализирани, ниту една патија не освои градоначалничко место, ниту ќе освои без подршка од големите партии и коалиции.

Што покажуваат анализите на Демократскиот сојуз, на што се должи слабиот изборен резултат на Коалиццијата „Најдоброто за мојата општина“ на овие локални избори?

-На неединството во СДСМ, слабиот суштински коалицонен капацитет, компромисот со Грција, ветото од Бугарија, но пред се од неоснованата убеденост дека Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ е фаворит и победник на изборите, како што покажуваа анкетите, независните листи и некои досегашни градоначалници кои настапија како независни или на листата на други партии.

Зошто треба да допрат до гласачите повиците на Заев за масовна излезеност во вториот круг и за обединување на членството, партии кои настапија сами?

-Неопходно е анимирање на сите членови и активисти на СДСМ и партиите од Коалицијата, повикот за масовно гласање да стигне до секој граѓанин и да се најават реформи и во партиите, но и промени во работата на Владата, особено во надворешната политика и борбата против криминалот. Демократскиот сојуз како и досега ќе ги вклучи сите свои капацитети за да има пресврт во вториот изборен круг. Но, тоа се очекува и од дугите коалициони партии.

Дел од аналитичарите сметаат дека гласачите во Скопје во вториот круг на локалните избори ќе ја решаваат судбината не само на актуелниот градоначалник Петре Шилегов туку и на премиерот Зоран Заев. Дали така тлреба да биде и што покажуваат искуствата на другите земји?

-Во Скопје се води тешка изборна битка. Шансите на актуелниот градоначалник Петре Шилегов се поголеми, сепак тоа никако не е поврзано со опстојување на парламентарното мнозинство и Владата. Се бираат совети на општините и градоначалници, а не Влада. Дали е пракса во Франција, Германија, Англија, Грција па и во соседните држави, ако се изгубат локални избори да падне влада или претседател. Секако дека не.  Заев во никој случај не треба опстојувањето на Владата да го поврзува со исходот на изборите во вториот круг. Таа порака демотивира.

Сепак како ја оценувате пораката на премиерот Заев дека е подготвен на оставка од премиерската позиција доколку СДСМ го изгуби Скопје во вториот круг од локалните избори, но не се откажува од тоа СДСМ и понатаму да ја води државата бидејќи парламентарното мнозинство е стабилно, а параламентарни избори не се потребни. Колку е стабилно владејачкото мнозинство?

-После изборите треба да се направи темелна анализа за слабата поддршка, да се отворат многу прашања, пред се кадровски, па и да се разговара за предвремени парламентарни избори. Но, факт е дека парламентарното мнозинство е стабилно.

Колку победата во Скопје е врзана со одлуката на СДСМ околу поддршката на ДУИ или БЕСА во вториот круг од локалните избори во Тетово?

-Во Тетово ќе одлучат граѓаните, партиите јавно или тајно ќе се обидат да влијаат на определбата и тоа ќе има ефект. Можно е тој што ќе загуби и да се лути, но не да се руши Владата, поради тоа кој победил во Тетово. Тоа би ило  авантуризам.

Се наsира ли реконструкција на Владата по завршување на изборите како одговор на изборниот резултат во првиот круг од локалните избори.

-Прво мора да се преиспитаат владините политика потоа секој министер да даде отет за сработеното, да се преоценат односите внатре во коалицијта, влијанието на помалите партии во носењето на битни одлуки, степенот на криминализација , како се справуа Владата со пандемијата итн. Но реконструкција на Владата ќе следи, како и редефинираен приориетит во нивната работа.

Пред втората рунда на локалните избори владејачката коалиција повикува на обединување, но и опозициската коалиција повикува на заеднички фронт. Дел од аналитичарите сметаат дека во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ го извлекол максимумот на гласови бидејќи ги анимирал сите свои поддржувачи и дека сега СДСМ е на ред да ги анимира своите поддржувачи да гласаат во што поголем број. Каков е вашиот став во врска со овие анализи?

-Сосема е нормално да се повикува на обединување, на взаемна поддршка и поттикнување на гласачите. Вториот круг ќе биде поразличен од првиот, со помала излезност на гласичеите и нивна концентрација. Тие што не гласаа или гласачките ливчиња ги правеа неважечки, тие што гласаа за незавсини листи и каниддати за градоначаници, ќе го одредат победниот во вториот круг. Ги повикувам граѓаните масовно да излезат на денот на изборите за да дадат легимитет на идните градоначалници во над 40 општини. Важно е изборите да бидат фер и истите да поминат во скандинавски стил.

Б.Т.

Слични содржини