Паје си поигра со Меси (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
517 прегледи

Марсеј и ПСЖ синоќа одиграа големо дерби на францускиот фудбал на „Велодром“. Немаше голови, но беше возбудливо и на теренот и на трибините.

Навивачите на домашната екипа посебно целе на Лионел Меси, кого го навредуваа и гаѓаа во разни предмети додека изведуваше корнер.

Еден навивач дури влета во теренот и се упати кон Меси, па натпреварот беше прекинат.

Но и на Меси не му беше лесно на теренот. На еден дуел со Димитри Паје испадна смешен.

Паје го сруши со дриблинг, откако Аргентинецот ја загуби ориентацијата и се струполи на тревникот, а трибините во Марсеј потегот го проследија со аплауз.