Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид е пример за круцијални промени кои ги направивме во здравството со цел да ги мотивираме и задржиме младите лекари и здравствени работници да останат во земјата, објави министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Тој потенцира дека младите се нашиот најсилен адут, затоа голем број вработувања на здравствен кадар се реализираа изминатиов период во оваа болница.
-Денеска имав стручен колегиум со моите колеги од болницата разговаравме за состојбата на пациентите и за предизвиците со кои се соочуваат во време на пандемија со ковид. Специјализираната болница во Охрид го дава максимумот и со кадар и како здравствена установа каде се лекуваа голем број тешки пациенти со ковид од овој регион, додаде Филипче.