Арсовска: Јавен превоз користев до 2018 година, се додека не ја скршив ногата

од Nikola Popovski
1,3K прегледи

Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска синоќа информираше дека јавен превоз не користела од 2018 година, откако ја скршила ногата, по што била спречена.

-Имав скршеница на две места и оттогаш не можев да чекам автобус околу 30 минути. Бев трајно онеспособена да ја имам функцијата на десната нога. Претходно редовно го користев јавниот превоз, рече Арсовска во гостувањето на емисијата „Топ тема“ и додаде дека планира да го користи јавниот превоз кога ќе се чека по 3-4 минути.

Како дел од својата програма, Арсовска најави дека е непходно Скопје да добие бесплатен јавен превоз и нови еко автобуси.