341
Иако притисокот врз Оле Гунар Солскјер расте секој изминат ден, веројатноста тој да го води Манчестер Јунајтед на следниот натпревар е голема. „Атлетик“ утрово соопшти дека разрешувањето на менаџерот се уште не е на дневен ред и тој ќе го води тимот против Тотенхем в сабота.
Вчера беше слободен ден за тимот, а за денеска во клупската база е закажана анализа на поразот со 0:5 од Ливерпул, како и тренинг.
„Токспорт“ додава дека Оле продолжува да ја ужива поддршката од Алекс Фергусон, што е исто така важно.
По гостувањето на Јунајтед во Лондон, Аталанта ќе игра во Лигата на шампионите, по што ќе следи дербито со Манчестер Сити непосредно пред паузата.