502
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тренерот на Рома, Жозе Мурињо им дава инструкции на своите играчи по исклучувањето.
Португалецот беше исклучен на натпреварот против Наполи (0:0) во 82. минута поради неспортско однесување. Мурињо во 10. минута по приговор доби опомена, а на крајот од натпреварот судијата беше принуден да го испрати во соблекувалната.
Секако, Португалецот немаше мир, па остана на стадионот, поточно зад оградата покрај теренот.
Камерата го фати како се качува на оградата и им објаснува на играчите што да прават.