Арсовска молчи за бугарскиот пасош, но ВМРО-ДПМНЕ ја брани

од Nikola Popovski
610 прегледи

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска се уште не се огласила во медиумите во врска со обвиниувањата од страна на СДСМ дека е бугарска државјанка.

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, попладнево, на прес-конференција, објави документ од бугарското Министерство за правда, како доказ дека Арсовска, пред околу една деценија, се стекнала со бугарско државјанство, за што указот го потпишал вицепретседателот на Бугарија.

Од ВМРО-ДПМНЕ, иако велат дека Арсовска е независна кандидатка, излегоа со демант.

Тие велат дека не е првпат СДСМ, како што наведуваат, да мавта со лажни обвинувања за бугарски пасоши.

„Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев. СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска. Во целост ги демантираме ваквите невистини и ниту една црна кампања, вклучително и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помегне да го одбегнат поразот“, истакнуваат од Белата палата.