ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов плаќа за машини за чистење снег, кој го немаше

од Nikola Popovski
242 прегледи

Петре Шилегов за две години платил еден милион евра за изнајмување на машини за чистење снег кој го немаше. За две години сопственикот на фирмата Аполо инжинеринг стави еден милион евра в џеб, соопштија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, 64,9 милиони денари, со ДДВ, е договорот кој Петре Шилегов на 18 септември 2019 го склучил со фирмата Аполо инженеринг за изнајмување на возила за чистење на снег на градските улици во Скопје во периодот од 15 Ноември до 15 март за зимата 2019/2020 и за зимата 2020/2021.

-Ист ваков штетен и криминален договор Петре Шилегов склучува и есенва, 18 септември, на само еден месец пред изборите, за оваа и за наредната зима, нормално со истата фирма.

Во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво, сѐ над тоа се плаќа дополнително и оваа сума ќе расте вртоглаво.

Во 2020 година немаше снег, и скоро и да не беше употребена механизација. Но тоа не ја спречи Аполо инжинеринг да наплати и да си земе едем милион евра, кои ѝ следат според договорот.

И на ова можеби ќе добиеме одговор „што доколку зимава имаме обилни врнежи од снег”. И да има врнежи од снег дали камионите кои ќе поминат со плуг и ќе фрлат сол која исто така ја набавува градот во друга постапка која изнесува околу 300.000 евра, вредат над еден милион евра? Се разбира дека не! Овде се работи за цунами по буџетот на град Скопје, за неодговорно и криминогено однесување. На ваквите договори ќе им дојде крај. Парите на скопјани нема повеќе да се трошат на непродуктивни трошења и крајно сомнителни набавки, велат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини