248
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против еден гостиварец за кривично дело – Пренесување заразна болест казниво по Кривичниот законик.
Обвинетиот не постапил според прописите и издадено решение на надлежниот орган за спречување на заразните болести кај животните кои можат да се пренесат на луѓето.
При извршена контрола во неговото одгледувалиште во гостиварското село Рибница, овластени службени лица од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје потврдиле присуство на бруцелоза кај овци и кози.
Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Гостивар му предложи за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби.