Хајредини: Увозот на јаглен од Русија е неостварлив и неисплатлив

од Nikola Popovski
600 прегледи

Поранешниот заменик на владата, Кочи Анѓушев беше увозник на струја и тоа не е без влијание, вели поранешниот министер за економија, Џевдет Хајредини во емисијата „Студио 10“.

Според него, уште пред 20 години била укажано кога ќе дојде до недостиг на јаглен во резервите на РЕК Битола.

-Немаме јаглен за да работат со полн капацитет. Нашиот јаглен е скап за ископување, а природно немаме големи лежишта на јаглен. Спомнувањето во тендери за увоз на јаглен од Русија се чисти глупости. Нискокалоричниот јаглед не се транспортира затоа што не е рентабилен. Тоа е неостварливо затоа што немаме ни возови до централите. Не е исплатливо, посочува Хајредини.

Слични содржини