Колку пониско не удираат, толку повисоко ќе се креваме. Ние зборуваме за проекти, а тие за ново минато, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по посетата на градот Кочани.
Според него, од понеделник ги чека многу работа, за, како што вели, да ја извадат Македонија од политичкото мочуриште.
-Не ни очекувам ништо поразлично од СДСМ и ДУИ во последните денови од кампањата, констатира Мицкоски во изјава за медиумите и додава:
-Може Заев и 100 милијарди да каже, има една изрека- што значи за човек еден тон, така и он можеше да каже и 100, јас не знам зошто тој кажа 12 милијарди. Не мислам дека некој во Македонија верува на тоа што ќе го каже Зоран Заев, вели Мицкоски на вчерашната презентација на владата за економски раст над 5 % годишно, инвестиции во јавниот и приватниот сектор од 12 милијарди евра и нови 156.000 работни места.