Хитлер доби QR код за ковид-сертификат

од Берта Китинска
638 прегледи

Холандското Министерство за јавно здравје истражува важечки QR код за пристап до сертификат за вакцинација против коронавирус издаден на име на Адолф Хитлер.

Непознат хакер го создал овој QR код како доказ дека може да прави валидни пропусници под кое било име, пренесува холандскиот RTL Nieuws.

Анонимни хакери за овој портал потврдија дека можат да креираат QR кодови од Франција и Полска, кои можат да се користат и во Холандија бидејќи се европски кодови.

Холандското Министерство за јавно здравје се обидува да открие како точно настанал овој QR код.

Можни се различни сценарија, вклучително и одговорното лице да работи за здравствената служба во Полска или Франција.

Сепак, според RTL, Министерството најмногу го загрижува фактот што се украдени тајните кодови на францускиот и полскиот QR систем. Ако ова се покаже точно, сите QR-кодови во тие земји ќе треба да се реиздадат.

Нема докази дека се украдени холандски тајни кодови, пишува овој медиум.

RTL контактирал со лицето кое го направило QR-кодот на Хитлер преку форум каде што ги нудат своите услуги. За RTL изјави дека можат да креираат QR код за кое било име, а таа услуга чини 300 евра.

Лицето, исто така, посочило дека може да прави QR-кодови само од Полска и Франција.

Слични содржини