Над Лондон се појавија дронови во облик на QR код, каде оди кога се скенира? (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Небото над Лондон во средата и четвртокот вечерта беше осветлено од дронови кои во еден момент се формираа во QR код, а луѓето почнаа да се прашуваат за што точно се работи, пишува Insider.

400 беспилотни летала цртаа необични шари, како што се закачалка за палто и авион, а потоа се формираа во логото на лондонската осигурителна компанија Beazley.

После тоа, на небото се појави летечки QR код, лебдеше околу 20 секунди и потоа исчезна.

Од осигурителната компанија објаснија дека спектаклот со дрон е поврзан со нивниот деловен настан одржан таа вечер, а на кој присуствувале 700 гости.

Тие нагласија дека тоа е најголемото приватно шоу со беспилотни летала до сега и дека демонстрациите содржеле повеќе дронови отколку што биле користени на дијамантскиот јубилеј на кралицата.

Секако, од љубопитност, луѓето почнаа да го скенираат кодот, со што се отвори линк на YouTube до хит песната на Рик Астли Never Gonna Give You Up, а никој не знае што точно би требало да значи тоа.

Слични содржини