Трагична вест од Албанија: Пронајдено телото на второто девојче кое со мајка си скокна во река

од Nikola Popovski

Албанскиот министер за внатрешни работи, Таулант Бала со солзи во очите ја соопшти тешката и трагична вест за пронаоѓањето на телото на второто дете на Алма Ареза, мајка која стави крај на животот скокајќи во реката Бојана, заедно со своите три деца.

„Пронајдено е телото на уште едно дете. Има сомнежи дека во овој предел се и телото на мајката и третото дете. Потрагата на РЕНЕА и рибари од околината продолжува и денеска. Тежок момент, не можам да најдам зборови“, изјавил министерот за внатрешни работи на Албанија, пренесува „VoxNews“.

„Ги повикувам сите девојки и жени во земјата да го осудат насилството. Насилство во семејството, насилство со кое се соочува секоја девојка и жена кога оди на работа, на улица…Често сум кажувал, но дојде моментот да го кажам и со солзи во очите – мора да се ослободиме од оваа ситуација. Сите ние мора да реагираме како општество. Дури и кога девојките не можат да реагираат, сите други треба да реагираат. Мора да ја зголемиме нашата моќ за да добиеме информации и навреме да интервенираме“, додал Бала.

Да потсетиме, вчера во текот на денот беше објавено дека мајка и нејзините три деца се удавиле во реката Бојана во градот Скадар, а постојат сомнежи дека причина за ова е насилството што 31-годишниот маж го извршувал врз неговата сопруга и децата.

Вчера, рибар го пронашол тело на деветгодишното девојче. Потрагата по мајката и нејзиниот син се уште трае.

Слични содржини