Таравари: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

од Vladimir Zorba
566 прегледи

Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри, вели за РТК, претседателот на „Вреди“, Арбен Таравари.

„Верувам дека една од трите главни функции на државата, имено претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец и значителен број министри, особено таму каде што имаме експерти, ние како партија ВЛЕН ќе ги именуваме. Верувам дека таму застапеноста ќе биде достоинствена, со стручни луѓе“, рече тој.

Таравари рече дека конституирањето на Собранието ќе се случи на крајот на овој месец, додека новата Влада се очекува да биде изгласана во првиот дел на јуни.

Коалициските партнери, според Таравари, се согласиле дека приоритет на новата Влада е патот кон Европската Унија, бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата и функционирањето на правната држава.

Слични содржини