657
Зголемена e безбедноста на косовскиот премиер Албин Курти по упатените смртни закани на социјалните мрежи, пренесуваат косовските медиуми.
Според портпаролот на косовската Влада, Прпарим Криезиу, кон премиерот се упатени закани преку социјалните мрежи од лице со лажен профил, кое ветило „парична награда од 35 илјади евра за тој што ќе го убие Курти”.
– Премиерот Курти е под закана. Поради тоа, како мерка на зголемена заштита, подигнато е нивото на негова безбедност. Истражните и безбедносните институции веќе си ја вршат својата работа. Тие ги вршат потребните вреднувања на ситуацијата и ги преземаат соодветните мерки. Од друга страна, премиерот го продолжува својот редовен ангажман, се вели во изјавата на Криезиу.