Арсовска повторно демантира: Од раѓањето до денес сум Данела

од Nikola Popovski
501 прегледи

Секогаш сум Данела Арсовска од раѓањето до денес и своето име не го дадов. Можеби сум единствената во Македонија со ова име, рече кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска во емисијата „Само интервју“.

Според неа, ова е затоа што од другата страна се луѓе кои се што кажале излажале.

-Немам бугарско државјанство, демантирам и ќе ги тужам. Не знам кој стои позади ова. Јас во понеделник прва ќе побарам оставка на премиерот Зоран Заев, рече Арсовска и додаде:

-Ако не ми се извинат, ќе го продолжам ова до крај, појаснува кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.