Од МВР информираат дека во 07.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, било пријавено дека во дом во Скопје на ул.„Гвадалахара“ имало починато бебе.
Како што велат од полицијата, на местото веднаш излегле полициски службеници, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција.