529
Поранешниот премиер и сегашен азилант, Никола Груевски денеска реагираше на сведочењето на Александар Ивановски-Алек Теранова во случајот „Плацеви на Водно“. Тој негираше дека разговарал со него, ниту со било која друга личност.
-Ниту сум барал, ниту пак на било кој начин плаќал купување за мои потреби стан или земја. Единствено, како што и тој потврдил тие два помали стана ги имам изнајмено со договор за изнајмување. Потврдувам дека од никого не сум побарал да купува било што за мене, или да побара од друг да го прави тоа, ниту сум давал парични средства за такви цели било кому, стои во статусот на Груевски.
Денеска во судскиот случај сведочеа бизнисменот Алек Теранова и адвокатот Серјожа Марков.