Sony продаде повеќе од 13,4 милиони примероци од конзолата PlayStation 5

од Vladimir Zorba
390 прегледи

Sony продаде 3,3 милиони конзоли во текот на вториот фискален квартал, додека испорача 2,2 милиони во првиот квартал, а вкупниот број на продадени конзоли од влегувањето на пазарот е повеќе од 13,4 милиони единици, потврди компанијата.

Продажбата на игри, исто така, значително се зголеми, од 76,4 милиони продадени единици во вториот квартал во споредба со 63,6 милиони во претходниот.

Здрав раст од 27 отсто е забележан кога станува збор за приходите од игри, кои изнесуваат 5,68 милијарди долари. Сепак, оперативните приходи од 728 милиони долари се пониски од претходниот квартал, за 29 милиони долари. Фискалната година на Sony завршува на 31 март 2022 година.

Додека продажбата на конзолата PS5 растеше, продажбата на PS4 значително се намали на само 200.000 единици во споредба со 500.000 продадени во последниот квартал.

Други фактори наведени од Sony се загубата што произлегува од стратешките цени за PS5, цена пониска од трошоците за производство. Тоа значи дека Sony го продаде PS5 со минимален или негативен профит во текот на кварталот, иако во соопштението рече дека повеќе не го продава PS5 со загуба.

И покрај падот на приходите во текот на кварталот, одделот за игри на Sony се чини дека е на стабилни нозе. еден од извршните директори на Sony, Хироки Тотоки, им кажа на инвеститорите дека целта за продажба на PS5 е поставена повисокo од 14,8 милиони единици што PS4 ги постигна во првата година. Врз основа на тековните податоци, се чини дека PS5 ја следи таа траекторија.

Sony соопшти дека обезбедил доволно компоненти за 22,6 милиони единици кои ќе бидат продадени до март 2022 година. Тоа би можело да биде доволно за да се исполнат целите за продажба, но ако продажбата „експлодира“ за време на празниците, недостигот може да продолжи и следната година.

Слични содржини