Повеќе од 4,97 милиони луѓе во светот починале од коронавирусот

од Milan1
221 прегледи

Најмалку четири милиони и 979.103 луѓе починале од коронавирус во светот, додека повеќе од 245 милиони и 478.460 луѓе се заразени, објави денеска агенцијата „Франс прес“.

Бројот на официјално заразени не ја одразува реалната бројка, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.

Соединетите држави се најтешко погодени со 743.362 смртни случаи и 45.826.252 заразени. Следи Бразил со 607.068 смртни случаи и 21.781.436 случаи на заразени, Индија со 457.191 смртни случаи (34.246.157 заразени), Мексико со 287.631 смртни случаи (3.798.286 заразени) и Русија со 236.230 смртни случаи и 8.432.546 заразени.

Меѓу најтешко погодените земји, Перу има најмногу смртни случаи во однос на бројот на жители, 607 на 100.000 жители. Следат БиХ (350), Македонија (341), Бугарија (340), Црна Гора (332) и Унгарија (318).

Латинска Америка и Карибите имаат 1.518.894 смртни случаи (45.856.451 заразени), Европа 1.391.197 смртни случаи (73.742.685 заразени), Азија 868.358 смртни случаи (55.708.948 заразени), САД и Канада 772.255 умрени (47.534.184  заразени), Африка 217.795 умрени (8.490.389 заразени), Блискиот исток 207.862 умрени (13.893.323 заразени) и Океанија 2.742 починати.

Франс прес прави дневен биланс врз основа на државните податоци од земјите ширум светот и информациите од Светската здравствена организација.

Слични содржини