Шекеринска: Изјавите во кои се лицитираат нови бугарски барања, испраќаат погрешна порака во ЕУ и во НАТО

од Берта Китинска
247 прегледи

Како држава покажавме дека сме подготвени да работиме на добрососедски односи. Очекувам и соседите од Бугарија да го покажат тоа, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Шекеринска потсети дека нешто пред повеќе од еден месец тим од Министерството за одбрана беше во Вашингтон и имаше шанса тогаш првпат да разговара со Ескобар.

– Нашите сојузници останаа на зборот и тоа го слушаме веќе неколку пати од тој момент, дека ќе вложат дополнителни напори на регионот да му го донесат она што го очекува и она што е добро за сите, а тоа е продолжување на процесот на европска интеграција. Уште тогаш Ескобар, во разговорот, а потоа и во официјална изјава рече дека стратешки интерес и на САД е овој регион да оди напред. Рецептот за тоа го гледаат во почеток на преговори со ЕУ, за нас и за Албанија. Видовме дека тоа не се само дипломатски, протоколарни зборови со кои ќе не потапкаат по рамо, туку дека навистина тоа е политика која САД ќе ја спроведуваат, рече Шекеринска.

Таа посочи дека тоа го видовме и на дело, во изминатиот месец и додаде дека тоа се и изјави кои ги слушаат и од европски колеги. Според неа, изјавите во кои се лицитира постојано со некои нови бугарски барања не се од помош и дефинитивно испраќаат погрешна порака во ЕУ и во НАТО. Шекеринска очекува по изборите во Бугарија дел од таа реторика „малку да спласне“.

Слични содржини