Ребрендирање: Дури и Твитер го исмева Фејсбук поради промената на името

од Nikola Popovski
838 прегледи

По објавата дека компанијата Фејсбук го менува името во Мета, следеше општа хајка на незадоволни корисници на социјалните мрежи. Додека некои објавија хумористични мемиња со исмејување на промената на името, други упатија сериозни обвинувања против платформата.

Ко-основачот и извршен директор на Фејсбук, Марк Закерберг изјави дека Мета ќе ја вклучи оваа социјална мрежа и други апликации како Инстаграм, Ватсап и апликацијата за виртуелна реалност Окулус, пишува Гардијан.

„Ја најавуваме Мета – новото име на компанијата Фејсбук. Целта помага да се изгради метаверс, место каде што можеме да играме и да се дружиме 3D. Добредојдовте во следното поглавје на социјалните врски“, изјави технолошкиот гигант во твит.

Ребрендирањето доаѓа во време кога компанијата се соочува со низа јавни критики.

Неодамна протечените бројни документи, сега познати како Фејсбук документи, го разоткрија внатрешното функционирање на компанијата, додавајќи ги наводите на свиркачот Френсис Хоген дека Фејсбук го ставил профитот пред спречување на говор на омраза и дезинформации на оваа платформа.

Една од најлајкуваните објави е меме-видеото со Закерберг во кое се зборува за овозможување на корисниците да уживаат во сцените што го инспирираат со помош на 3D очила и слушалки во нивната фотелја. Овој оптимистички монолог е прекинат со снимката од упадот во Капитол во јануари 2021 година и луѓето кои носат факели, со пораката на авторот дека милијардерот очигледно заборавил дека луѓето се „инспирирани“ од разни работи, понекогаш лоши и деструктивни.

Во полемиката за промена на името се приклучија и политичари од сите американски политички опции.

Александрија Окасио-Корте, прогресивна конгресменка од Њујорк, напиша дека не ги одобрува овие промени.

Други компании исто така одлучија да го следат Facebook и да го променат своето име. Компанијата за брза храна Вендис објави на Твитер отсега се нарекува Мит.

И Твитер реши да се пошегува.

 

„Важна вест. Лол, се уште сме Твитер“, напишаа на официјалниот профил.

 

 

Слични содржини