Стаменкова: ВМРО-ДПМНЕ дели до 1000 денари за глас

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Денеска, точно во штабот на ВМРО-ДПМНЕ зад мене на наши сограѓани им се делеле пари, поткуп, до 1.000 денари за да гласаат за кандидатот на ВМОР-ДПМНЕ. Случајот е пријавен лично од нашиот совесен сограѓанин во полиција и надлежните институции работата на целосно расчистување, соопшти Соња Стаменкова, кандидатка за градоначалничка на општина Македонска Каменица.

Taa потенцира дека „најголемата опозициска партија ќе загуби во Македонска Каменица нечесните кои го потценуваат народот и ќе одговараат“.

-Граѓаните на Македонска Каменица се горди и чесни, си ја сакаат својата општина, својот град, ја сакаат слободата и не се онакви какви што сака ВМРО-ДПМНЕ. Апелирам до губитниците од ВМРO-ДПМНЕ да престанат да го понижуваат народот, од поразот нема бегање, потенцира Стаменкова.

-На 29.10.2021 во 11:50 часот 19 годишно машко лице од с.Цера, Македонска Каменица во Полициското одделение Македонска Каменица пријавило кривично дело по чл.162 ст.1 од КЗ на РСМ. Имено, според пријавата, тој, непосредно пред пријавувањето, бил повикан во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В.од М.Каменица му биле дадени 1000 денари за да гласа за кандидатот за градоначалник од таа политичката партија.

Известен е Јавен обвинител, а В.В. е повикан во ПО Македонска Каменица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

 

Слични содржини