Касами: БЕСА може да ја сруши Владата, но нема затоа што е стабилна

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Во недела волјата на тетовчани ќе биде против Теута Арифи. Тука сме за да кажеме дека еднаш засекогаш за 4 години ќе го решиме проблемот со вода за пиење, ќе го исчистиме целото ѓубре, ќе го направиме Тетово чист град, прво ќе го исчистиме ѓубрето од Општина Тетово, почнувајќи од Теута Арифи, рече лидерот на БЕСА и кандидат за градоначалник во Тетово, Билал Касами во емисијата „Клик плус“.

Во однос на парламентарното мнозинство, Касами вели дека без пратениците на неговата партија, сигурно паѓа Владата.

-Беса може да ја сруши оваа Влада, но тоа нема да се случи затоа што оваа Влада е стабилна. Тој додава дека ова се локални избори и ќе останат во коалиција, посочува Касами.

Слични содржини