Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика земјите од Г20 да го забрзаат меѓусебното признавање на вакцините против Ковид-19.
Путин, кој преку видео-врска им се обрати на учесниците на самитот на Г-20 во Рим, исто така рече дека Светската здравствена организација треба да биде побрза во донесувањето одлуки во врска со одобрувањето на вакцините, пренесе Ројтерс.
Лидерите на 20-те најбогати земји во светот се собраа денеска на првиот самит на Г20 од почетокот на пандемијата на коронавирус.