МВР: Два помали инциденти во Кичево

од Vladimir Zorba
357 прегледи

Нарушување на јавниот ред и мир нема, но имаше два настани во врска со кинење на гласачко ливче. Гласач во Кичево изјави дека згрешил при заокружувањето и го скинал ливчето. А имаше уште еден случај во Кичево каде еден гласач го фотографирал своето ливче, и за овие настани ќе се преземат соодветни мерки, изјави Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски за Сител.

Додаде дека досега изборите течат мирно и ги повика граѓаните и учесниците во овие избори така да продолжиме во текот на целиот ден и да имаме мирни и фер демократки избори.

Потсети и дека службите на МВР работат и денеска за да можат граѓаните да си ги подигнат личните карти.

Слични содржини