Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ зборуваше за француските медиуми непосредно пред вечерашното дерби меѓу неговиот тим и Рома.
Тој зборуваше и за фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе.
– Ми се допаѓа Мбапе. Сигурно е меѓу првите 10… Има неколку момци кои се долго време на врвот и се млади. Тука е и Халан. И Ибрахимовиќ. Не треба да зборуваме за другите – изјави Златан.
Популарниот Ибра овој октомври наполни 40 години.
– Сакам да им покажам на сите дека 40 е само бројка, дека сепак можам да го работам тоа што го сакам. Не можам да играм како пред пет или десет години, но сум попаметен и поискусен, вели Швеѓанецот со балкански корени.
На новинарско прашање дали е изненаден од неговите игри и покрај годините, Златан одговори: „Не, бидејќи јас сум најдобар. Не можете да бидете изненадени кога знаете дека сте најдобри“.
На пет натпревари оваа сезона, Ибрахимовиќ постигна два гола и запиша една асистенција.