Гласач пеел народни песни и непристојно зборувал на избирачко место

од Vladimir Zorba
348 прегледи

Во основно училиште во село Лескоец, Охридско, на избирачкото место 1307, гласач пеел народни песни и им се обраќал со непристојни изрази на присутните, соопштија од Граѓанската организација ЦИВИЛ во својот извештај од терен.

Од организацијата посочија и на неколку други нарушувања на гласачкиот процес во извештајот за вториот круг од локалните избори:

* Набљудувач на политичка партија внатре во ИМ 1786 во Ново Село зборувало на телефон, порачувајќи „да дојдеш да гласаш и ти и сестра ти“.

* Партиски набљудувачи на политичка партија приговарале и вербално реагирале зашто не им е овозможено да набљудуваат на ИМ 1031, во ОУ „Наим Фрашери“ во Куманово. ИО правилно постапува со тоа што не им дозволува, бидејќи во вториот круг тие не може да бидат овластени претставници на подносители на листи, оти не учествуваат т.е. немаат своја листа во вториот круг.

* На неколку избирачки места во скопската општина Бутел, како и во Куманово, забележано е групно и семејно гласање.

Забележани се и други нерегуларности во однос несоодветни услови за работа и за гласање во Ранковце, како и во скопските општини Ѓорче Петров, Чаир и Бутел.

Слични содржини