ВМРО-ДПМНЕ: Видовме низа нерегуларности, поткуп и притисоци врз гласачи

од Nikola Popovski
292 прегледи

Видовме власт која ги злоупотребува сите државни полуги само за привилегии. Видовме масовна злоупотреба на државни ресурси за партиски цели, што досега е незапаметено, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на прес-конференција на партијата по завршувањето на гласањето.

Според неа, денеска имало низа нерегуларности на изборниот процес.

-Во изборниот молк имаше ширење пропаганда од партиски функционери на СДСМ, поткуп на гласачи и други прекршувања. Регистриравме поткуп и притисоци во Кочани, Радовиш, Ново Село, Македонска Каменица, Ѓорче Петров и други делови од Скопје. Исто така регистриран е и физички напад во село Бојане врз набљудувач од невладина организација, информира Митева.

Слични содржини