Победата во Тетово на Билал Касами се слави низ улиците со зурли и тапани.
Според броењето на гласовите, мојот противкандидат има повеќе гласови и општината ќе има нов градоначалник, изјави вечерва кандидатката на ДУИ за градоначалник на Тетово, Теута Арифи на прес-конференција.
Таа му честиташе на Билал Касами и се заблагодари на сите кои гласаа за неа.
-Прогресивноста секогаш е на наша страна, рече Арифи.
Според досегашните резултатит објавени од ДИК, после 24,79 % изброени гласови, Касами има 4949 гласови, а Арифи 3239.
Фото:Принтскрин/видео 360.mk