Мицкоски бара предвремени избори и оставка на Заев

од Nikola Popovski
200 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата во партијата се обрати до премиерот Зоран Заев.

-Да размисли што ќе бидат следните чекори. Да се надмине себеси и да го направи најдоброто за Македонија да ја разбере пораката, а тоа дека е доста и дека треба да се замине. Ова треба да биде негово заминување од политиката. Народот испрати јасна порака. Ова е резултат со огромна предност на опозицијата во однос на власта, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Според него, власта е делигитимирана и тоа е од вечерва.

-Најдобро би било да има предвремени избори, потенцира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.