Арсовска слави победа: Ви благодарам скопјани! (ФОТО)

од Берта Китинска
777 прегледи

Кандидатката за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска прогласи победа во Скопје.

Во оваа кампања, противник не ми беше само градоначалникот Шилегов, туку и премиерот во заминување, изјави новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска на прес-конференција.

Таа изрази благодарност до сите за поддршката.

Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ со зурли, тапани и факли се прослaвува победата во Скопје.Симпатизерите на партијата скандираат: „Цело Скопје вмровски град.“