Левица бара задолжителен пренос на седниците на советот на општина Карпош

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Во насока на демократизацијата и зголемувањето на транспарентноста на советот и општината, првото барање кое ќе го достави Левица ќе биде за задолжителен пренос на седниците на советот на општината. Ова барање произлегува од изборната програма на Левица.

Предлог во советот на Општина Карпош за задолжителен пренос на седниците имаше и Бранко Ристов на почетокот на оваа година, но истиот предлог не беше усвоен.

„Сега се надеваме дека зад ова ќе застанат сите советници затоа што жителите на Карпош имаат право да знаат како работат нивните избраници“, велат од партијата на Апасиев.