ГРЕБИ ЗА ЕКО СКУТЕР, ВОЗИ BMW X1

од Vladimir Zorba
394 прегледи

Државна лотарија со задоволство најавува уште една, возбудлива, игра што нуди можност за осојување паричен бонус, а во игра се и две атрактивни возила BMW X1. Се учествува со недобитни инстант лозови „Еко скутер“, преку веб-страната ‒ www.loto.mk.

Со бонус играта „Заврти екоскутер тркало“ сите недобитни инстант лозови од серијата под име „Еко скутер“ добиваат втора шанса за добивка. Право за учество во бонус играта има секое полнолетно лице коешто преку веб-страната www.loto.mk ќе регистрира недобитен инстант лоз „Еко скутер“.

Чекорите за регистрирање недобитен инстант лоз се следните:

  • Отворање свој кориснички профил на веб-страната на Државна лотарија ‒ loto.mk.
  • Регистрирање недобитен инстант лозот „Еко скутер“ на страната на бонус играта „Заврти екоскутер тркало“ со внесување два броја во отворените прозорци:
  • 11-цифрен број (сериски баркод) што се наоѓа на задната страна на лозот и
  • 8-цифрен број (контролен баркод) што се наоѓа на предната страна на лозот, под полето прекриено со заштитен слој на коешто пишува ‒ НЕ ГРЕБИ!.

Можноста за учество веше најавена во лото емијата на 30 октомври, а ќе трае заклучно со 23.3.2022 година.

Во тек на овој период, по еднаш седмично, секоја сабота, почнувајќи од 6.11.2022 год., во лото емисијата, ќе се извлекува по еден од учесниците којшто ќе биде поканет во живо, да го заврти тркало на среќата со можност да освои парична добивка. Секоја сабота, почнувајќи од 6 ноември, ќе се извлекува по еден од учесниците којшто регистрирал недобитен лоз „Еко скутер“  во период – од сабота 19:01 часот, заклучно со следната сабота (до 19:00 часот). Бројот на лозови што корисникот може да ги регистрира во тек на една седмица (едно коло од бонус играта) не е ограничен, Извлекувањето ќе го реализира по електронски пат со помош на генератор за случаен избор на броеви и во присуство на комисија. Во тек на бонус играта секој којшто учествува ќе добие еднаква шанса да биде извлечен, а неговото учество ќе му дари единствено искуство да биде специјален гостин во судиото на Лото 7, да го заврти тркалото на среќата и да добие 50 000, 100 000 или 150 000 денари. Нашиот гостин ќе го очекува навистина забавен престој во студиото на Лото 7, дружење, време за паметење и секако добивка.

Сите недобитни регистрирани инстант лозови „Еко скутер“ влегуваат во игра за две возила BMW Х1, и тоа со две извлекувања по електронски пат:

  • Првото извлекување ќе се одржи на 8.1.2022 година, а ќе учествуваат сите лозови коишто претходно не биле извлечени за парична добивка од прво до десетто коло.
  • Второто извлекување за BMW Х1, ќе се одржи на 19.3.2022 година. Ќе учествуваат сите регистрирани инстант лозови коишто претходно не биле извлечени за парична добивка (од 11-то до 20-то коло).

Потсетуваме дека со купување на пакет 5 + 1 „Еко скутер“, давате Ваш придонес во општественоодговорни цели и заедничката акција на Црвен крст и Државна лотарија под име „Круг на среќа и солидарност“ наменета за поддршка на најнемоќната категорија граѓани во борба против КОВИД-19.

Со инстант лозот „Еко скутер“ имате можност да бидете еко и да бидете хумани, а доколку вашиот инстант лоз е недобитен, може да добиете паричен бонус или да возите BMW Х1.

Слични содржини