Рецепт: Мусака со модар патлиџан и месо

од Vladimir Zorba
436 прегледи

Фантастично јадење со месо и зеленчук за целото семејство.

Состојки:

– 5 модри патлиџани

– 500 гр мелено месо

– 150 гр кромид

– 2 чешниња лук

– 3-4 свежи домати или пелат

– 1 китка јаглика

– Пар ловорови лисја

– Сол, бибер

– 100 мл маслиново масло

– 1 лажица растителен зачин

Бешамел сос:

– 40 гр путер

– 30 гр пченично брашно

– 500 мл млеко

– 1 лажица пармезан

– 2 јајца

– Сол, бибер

Подготовка:

Модрите патлиџани исечкајте ги по должина, посолете ги и оставете ги да отстојат малку. Исплакнете ги со топла вода и исушете ги со кујнска хартија.

Наредете ги на плех намачкан со маслиново масло. Печете ги модрите патлиџани во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.

На маслиново масло кратко продинстајте го исечканиот кромид, а потоа и меленото месо. Додадете сецкан домат или пелат, ловоров лист, бибер, издробен лук и растителен зачин. Се динста со поливање вода.

Кога месото ќе омекне, додадете го сечканиот магдонос.

Подготовка на бешамел: на растопен путер кратко пропржете го брашното, прелијте го со ладно млеко и варете со мешање околу пет минути. Додадете сол, бибер и пармезан.

Бешамелот изладете го малку и измешајте ги претходно изматените јајца.

Во огноотпорен сад наредете ред модри патлиџани, врз нив наредете дел од динстаното месо, врз него повторно ставете ги модрите патлиџани и динстаното месо и завршете со слој модар патлиџан. Врз сè прелијте го подготвениот бешамел.

Печете ја мусаката во загреана рерна на 220 степени 20 до 30 минути.

Пријатно!

Слични содржини