Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изјави дека никој од Барселона не барал од него да игра без приходи, а дека го повредиле зборовите на претседателот Жоан Лапорте.
Меси летово го напушти Камп Ноу и како слободен играч се пресели во Пари Сен Жермен. Тој го напушти каталонскиот клуб бидејќи управата не можеше да му понуди нов договор поради финансиската криза.
Лапорта тогаш изјави дека се надева дека Меси ќе ја промени одлуката во последен момент и дека ќе се согласи да игра бесплатно.
„Како што реков, направив се што е можно за да останам, но во ниту еден момент не ми беше побарано да играм бесплатно. Побараа да ми се намали платата за педесет проценти и јас прифатив. Сакав да му помогнам на клубот. Јас и моето семејство сакавме да останеме во Барселона“, повтори Лео, а потоа додаде:
„Никој не бараше од мене да играм без обештетување. Но, ми се чини дека зборовите што ги кажа претседателот не беа соодветни. Ме повредија. На тој начин не презеде одговорност. Тоа создаде сомнеж, која јас не ја заслужив“.
Аргентинецот изјави дека после тоа не разговарал со Лапорта.