2,5K
Откако премиерот вчера соопшти дека поднесува оставка од премиерската и претседателската функција од СДСМ, претседателот на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски, преку Фејсбук повика на поддршка за лидерот на СДСМ Зоран Заев да остане на својата функција.
-Јас Мартин Костовски претседател на ОО СДСМ-Куманово, од денеска покренувам иницијатива кај сите социјалдемократи во државата за поддршка на претседателот Зоран Заев. Недвосмислена и безрезервна поддршка да остане на лидерската позиција во СДСМ.Искрено и чесно, одговорно и храбро, многу дадовме за овие 5 години за Македонија, за СДСМ, пишува Костовски.