ФОТО: Додека нацијата се грижи за кралицата, таа вози „Jагуар“

од Берта Китинска
636 прегледи

Додека целата нација е загрижена за нејзиното здравје, англиската кралица Елизабета Втора е фотографирана како вози зелен Jaguar.

Фото: Profimedia

Лекарите на 20 октомври ја советуваа дека треба да одмора, еден ден откако имаше прием во дворецот Виндзор со премиерот Борис Џонсон и американскиот бизнисмен Бил Гејтс.

По советите на лекарите, кралицата треба да го откаже сите официјални настани во период од најмалку две недели.

Таа за последен пат во јавноста беше забележана во четвртокот кога преку видеоповик му врачи златен медал за поезија на англискиот поет Дејвид Константин.

Кралицата Елизабета беше видена како оди со помош на стап.

Фото: Profimedia

Фото: Profimedia

Премиерот Борис Џонсон, кој разговара со неа секоја недела, рече дека „шефицата на државата е во многу добра форма, само треба да ги следи советите на лекарите“.

Фото: Profimedia

Слични содржини