707
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во дебатниот магазин „Click Plus“ посочи дека нови избори би можело да има најкасно во октомври 2022 година.
„Моменталното владино мнозинство има 62 пратеници, а опозицијата има 58. СДСМ тоне секој ден се повеќе, и повеќе. Од урбани општини добија само Центар и Струмица. Од денес почнавме формални преговори. Со сите опозициски партии. Сега за сега нема ништо конкретно, но наша работа е да работиме за ново мнозинство“, вели Таравари.
Тој истакна дека доколку не успеат да создадат ново владино мнозинство, тогаш најрано во октомври 2022 година ќе одиме на нови парламентарни избори.
„Нема друго решение“, додава Таравари.