Откако објави дека очекува близнаци: Роналдо сруши рекорд по број на лајкови на Инстаграм

од Берта Китинска
472 прегледи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите во светот – Кристијано Роналдо, потврди дека неговата партнерка Џорџина Родригез е бремена.

Таа очекува близнаци.

Португалецот ја објави веста на социјалните мрежи придружувајќи ја со снимка од ултразвук.

„Нашите срца се полни со љубов. Едвај чекаме да ве видиме“, се вели во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Убавите вести кои ги соопшти португалската ѕвезда ги надмина сите досегашни објави на Инстаграм кои некогаш биле објавени од спортист. Неговиот најголем ривал е Лионел Меси кој само за кратко бил рекордер откако објави дека ќе премине во ПСЖ, објава која добила 22 милиони лајкови.

Двајцата се пар од 2017 година, а имаат една заедничка ќерка – Алана Мартина (4 години).

Роналдо е татко на уште три деца од сурогат мајки – Кристијано Џуниор (11 години) и близнаците Ева и Матео (4 години).