926
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, вели дека неговата партија ќе ги заземе директорските позиции во Скопје, кои ги имаше ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2013 до 2017 година.
Таравари вели дека , условот за ново мнозинство е почитувањето на Преспанскиот договор, а како што вели, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема проблем со тоа.
„Имаме наши услови. Сме разговарале со Мицкоски. Мицкоски нема забелешки за тоа. Преспанскиот договор мора да се почитува. Наш главен услов е интеграција на Македонија во ЕУ, и Преспанскиот договор секако“, порача Таравари.