371
Антонио Конте ќе го преземе Тотенхем, пренесува познатиот италијански инсајдер Фабрицио Романо.
Како што се наведува, Конте е подолго време во Лондон и остануваат само деталите од договорот, за се да биде официјализирано.
Договорот треба да трае до 2023 година, а официјалното објавување се очекува денес.
Конте ќе го замени Нуно Еспирито Санто, која го предводеше тимот од северен Лондон на само 17 натпревари.
На Нуно викендов му пресуди Манчестер Јунајтед, само една недела по дебаклот на „ѓаволите“ од Ливерпул со 5:0.
Оле Гунар Солскјер „преживеа“, Санто не, па Конте ја доби работата.
Конте веќе го водеше англиски Челси од 2016 до 2018 година и ја освои Премиер лигата.
Минатата сезона Конте го предводеше Интер до првата титула по 2010 година.