Богоевски: Се заколнаа на старото, а хонорар ќе земаат со новото правно име на државата

од Берта Китинска
992 прегледи

Овде или некој во коалицијата не разбрал нешто, или “патриотизмот” и принципите на сите во веселата дружина им се на копче и им важат само за ПР, но не и за плати, хонорари и тендери., пишува на својот Фејсбу,поранешниот пратеник Павле Богоевски.

-Таравари: За нас услов за коалиција е Преспанскиот договор, а Мицкоски нема проблем со тоа.

Јанушев: За нас Преспанскиот договор е завршена работа, Градоначалниците на вмро ќе прифаќаат Северна таму кај што мораат.

За нивните советници во Штип, Преспанскиот договор не е завршена работа – мислат дека нивниот Статут е над Уставот. Се заколнаа на старото, а хонорар ќе земаат со новото, правно име на државата. Градоначалникот ќе зема плата од Северна, а истото име ќе стои и на тендерите кои ќе ги распишува. Во меѓувреме, Стевчо во Карпош нема да се одмаздува, но затоа сите ќе не’ “е*е со к*рот громовски”. Фалевте, будалчиња, напиша Богоевски.

Слични содржини