Италијанскиот тренер Антонио Конте е назначен за нов менаџер на Тотенхем. Конте пристигнува на клупата на лондонскиот клуб откако претходно поради слаби резултати беше отпуштен Португалецот Нуно Еспирито Санто.
Италијанецот потпиша договор до 2023 година, со опција за продолжување на соработката. Договорот е вреден 15 милиони евра, пишуваат англиските медиуми.
Конте и ова лето беше желба на Тотенхем, но тогаш не беше постигнат договор. Сепак, од вториот обид Тотенхем постигна договор со Италијанецот, кој претходно беше менаџер на Челси.
Конте во последните денови се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед каде во незавидна ситуација се наоѓа и Оле Гунар Солскјер.
Сепак, тој заврши во Тотенхем.
„Петлите“ моментално се на 9. место на табелата со 15 бодови од 10 кола. Конте на клупата на Тотенхем ќе дебитира за два дена против Витесе, каде Спарс од 21.00 часот ќе одиграат натпревар од Конференциската лига.
Buongiorno Antonio… pic.twitter.com/26wgcdcYED
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) November 2, 2021