Не сакале ниту тест, ниту вакцина: Вработени во Центарот за рехабилитација во Хрватска добија отказ

од Берта Китинска
343 прегледи

Четворица вработени во Центарот за рехабилитација „Станчиќ“ во Хрватска добија отказ бидејќи одбиле да направат тест за ковид, што е услов за доаѓање на работа. Поточно, им бил раскинат договорот за вработување.

Ова се први откази врз основа на одлуката на Националниот штаб за цивилна заштита, според која сите вработени во здравствените и социјалните установи мора да покажат дигитален сертификат при пристигнување на работа, т.е. потврда, што докажува дека биле вакцинирани или го поминале Ковид-19.

Доколку не исполнуваат еден од овие два услови, потребно е да се тестираат двапати неделно. Еден логопед, психолог, дефектолог и вработени во секторот технички персонал веќе месец дена го одбиваат тоа, по што добиле отказ, пишува Јутарњи лист.

Слични содржини