Роналдо: Ќе треба време за да бидеме подобри

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Манчестер Јунајтед има седум бода во четири кола во Лигата на шампионите, а сите седум за „ѓаволите“ ги донесе Кристијано Роналдо.

Директно – со голови против Јанг Бојс и Виљареал, а Аталанта постигна три на два меча.

Пред две недели го постигна голот за победа на „Олд Трафорд“, синоќа за бод во Бергамо – 2:2, во последниот напад.

„Беше тежок натпревар, секогаш е така во Бергамо, но верувавме до крајот. Никогаш не се откажуваме, ова е добар резултат за нас“, изјави Роналдо.

Аталанта водеше и во Манчестер со 2:0, имаше 1:0 и 2:1 дома.

„Почетокот беше тежок, знаевме дека Аталанта ќе не притисне, тие имаат фантастичен тренер – додека играв за Јувентус, секогаш беше комплицирано да се игра против него. Имавме малку среќа на крајот, но тоа е фудбал“, вели Португалецот.

Засега Роналдо го одржува Јунајтед во игра во сите натпреварувања …

„Ние сè уште треба да напредуваме. Имаме други играчи, но мораме да се прилагодиме еден на друг. Ќе биде потребно време за да се подобриме“, заклучи Роналдо.