Лејди Гага целосно гола за „Вог“ (ФОТО)

од Vladimir Zorba
998 прегледи

Поп ѕвездата Лејди Гага ги краси насловните страници на италијанското и британското издание на списанието „Вог“ за ноември и декември оваа година. Гага во фото едиторијалот позираше целосно гола и зборуваше за својата нова улога на Патриша Регани во филмот „Гучи“ кој ќе излезе на 24 ноември годинава.

Фотографиите ги објави и на својот Инстаграм профил, најавувајќи ги своите две нови насловни страници.

На една од фотографиите Лејди Гага лежи на подот целосно гола. Градите ги покрива само со раце.

На некои други фотографии од магазинот Гага пробува необични модни комбинации во нејзиниот вообичаен стил.

Во својата најава за новите насловни страници, магазинот објасни дека ова е првпат една личност да ги споделува насловните страници на магазинот „Вог“ во две различни земји во светот, поточно во Италија и Велика Британија.

Пред Гага истото го направи и Адел минатиот месец. Таа ги споделуваше насловните страници на британското и американското издание на „модната библија).

Слични содржини